(Фото) Костум „Армани“ на силна жена: Кара Делевињ или Никол Кидман?

САД – Некогаш машкиот костум повеќе ја истакнува женственоста на жената од секси-тоалета. Во машкиот костум жената се чувствува моќно, удобно, некогаш го облекува од расположение, а некогаш да испрати порака.

Модните експерти ја прогласија манекенката Кара Делевињ за најдобра облечена од славните личности на свадбата во петокот во замокот Виндзор на принцезата Евгенија од Јорк и Џек Брусбенк. Меѓу класичните тоалети со елегантни шапки, Кара пристигна во машки костум на Армани и во негови високи потпетици и на еден начин го прекрши протоколот за формално облекување на кралска свадба.

Оскаровката Никол Кидман, исто така, во костум на „Армани“ беше на црвениот килим на филмски фестивал во Лондон. Комбинацијата не беше класична, туку со необична кошула и високи потпетици.

Стилот е различен, искуството е различно, ама Армани секогаш е вистински погодок.