(Фото) Ибрахимовиќ во Штип: Медиумите шпекулираат за причините на неговата посета

Еден од најдобрите фудбалери во моментов во светот, Златан Ибрахимовиќ, кој игра за Манчестер јунајтед, се наоѓа во посета на Македонија, а повеќе македонски медиуми веќе почнаа да шпекулираат за причината на оваа мистериозна посета на шведскиот фудбалер со босанско потекло на нашата земја.

Неофицијално, Ибра е пристигнат во Штип за да оди на лов, како што пред неколку месеци тоа го направи фудбалската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани.

Имено, ова не е првпат Ибрахимовиќ да ја посети Македонија. Се работи за квалификацискиот дуел за ЕП 2002 меѓу Македонија и Шведска за играчи до 21 година, кој на 1 септември 2001 година се играше на стадионот во Ѓорче Петров.