(Фото) За прв пат во историјата: Објавена фотографија од површината на астероид

Јапонија- Јапонската агенција за аерокосмички истражувања ја објави првата фотографија од површината на астероидот, наречен Руг.

Фотографијата е добиена откако два ровери, лансирани од сондата „Хајабус 2“, го извршиле првото успешно слетување на површината на астероидот во историјата, од каде успеале да испратат фотографија.

Роверите се одвоиле од сондата на 21 септември. Како што се наведува на сајтот на агенцијата, апаратите се наоѓаат во исправна состојба. Притоа, еден од роверите продолжи да се движи по површината на астероидот.