(Фото) Државна посета на Белгија: Брижит Макрон како кралица

Белгија– Првата дама на Франција Брижит Макрон (65) е позната како љубителка на мини-фустани, но по честите критики за овој избор, таа се реши да прејде на подолги фустани.

Така, на државната вечера во кралската палата во Лаекен во чест на францускиот претседател Макрон, русокосата прва дама се појави во поинакво издание –  во долга црна тоалета со светкави детали. За да ја следи во стилот домаќинката, белгиската кралица Матилда (45) која во оваа прилика избра кадифена свечена тоалета со кралска тијара во косата.

За време на посетата на Белгија, првата дама избра и покежуал варијанти. Позната е дека носи луксузни француски брендови, најмногу „Луј Витон“.

-Секогаш вложував многу труд во својот изглед. Прашајте ги моите деца или пак, учениците. Никогаш не излегувам од дома без внимателно одбрани модни комбинаци и фризура, изјави таа во една прилика.

Кога таа го запознала сегашниот француски претседател Емануел Макрон, тој имал 15 години, и бил нејзин ученик, а таа била мажена, со три деца. Брижит Макрон сепак инсистира дека почнала врска со 24 години помладиот ученик дури откако тој станал полнолетен.