(ФОТО) Димитров и неколку амбасадори се возеа во славното „рено 4“ од Стојаково

Жителите на селото Стојаково, министерот за надворешни работи Никола Димитров и неколку амбасадори денеска ги пречекаа Ѓоко и Ѓорѓи, кои со своето „рено 4“ возеа од Стојаково до Ница.
Министерот Димитров на својот фејсбук-профил напиша дека му претставувало често да присуствува на пречекот и дека запознал насмеани и вредни луѓе во Стојаково.
„Ѓоко и Ѓорѓи, јунаците кои возеа Од Стојаково до Ница со ‘рено 4’, денес пристигнаа дома. Имав чест да учествувам на пречекот и запознав едно чудо насмеани и вредни луѓе во гостопримливото Стојаково.
Инспирацијата од оваа убава приказна: Сите сништа се возможни и почнуваат со првиот чекор!
Благодарност до амбасадорите на Србија и Словенија, Душанка и Милан, како и до дипломатите од Франција и Хрватска, земји кои беа дел од патешествието, кои ми се придружија во удобноста на 40 годишното ‘рено’. Наш ред да патуваме кон Европа“, напиша министерот за надворешни работи на Фејсбук.