(ФОТО) Детската претстава „Цветна улица“ со 100. изведба

Театарот за деца и младинци на 26-ти април ја слави јубилејната 100. изведба на претставата „Цветната улица“ во режија на Наташа Поплавска. Во таа чест претставата ќе се одигра два пати и тоа дневна изведба од 10 часот која е организирана за ученици од основни училишта, а вечерната изведба ќе се одигра од 19 часот пред нашата редовна публика.

„Цветната улица“ е заеднички проект на Театарот за деца и младинци од Скопје, Делегацијата на Европската Унија во Македонија и независната театарска куќа Арт Медиа од Скопје, а премиерно беше изведена во јуни 2012-та на сцената на театарот.

Драматизацијата на претставата е на реномираниот писател за деца Киро Донев, а подлошка за текстот е направeнa според брошури на Европската Унија наменети за подигање на свеста кај најмладите во доменот на Еклогијата и заштитата на здравата животна околина. Авторите за претставата режисерот Наташа Поплавска, сценографот Емил Петров, кореографот Олга Панго, композиторот Џенгиз Ибрахим и костимографот Александар Ношпал успеаваат да создадат поучна и забавна современа претстава со современи проблеми, како што е загаденоста, големиот сообраќај во градовите, загадување на природата со отпад, а ги учи најмладите и на рециклирање и создавање ново од старо. Така за оваа претстава сценографијата и костимиграфијата се исто така направени од материјали за рециклирање.

Иницијативата за оваа соработка потекнала во 2012 та година од делегацијата на Европската Унија во Македонија во соработка со Организацијата за развивање на уметност и културна соработка АРТ МЕДИА чии претседател е токму режисерот Поплавска. За Поплавска ова е прва соработка со Театарот за деца и младинци, која донесе богат плод, односно 100 изиграни претстави. Директорката на театарот, Кети Илиевска Силјановска повторно ја активира преставата која беше во мирување минатата година. Уште веднаш на почеток на оваа театарската сезона Илиевска Силјановска превзема иницијатива претставата да се врати на репертоар. Во претставата премиерно улогите ги толкуваа актерите: Владимир Лазовски како Раскажувачот, Марија Ѓорѓијовска како лисицата Лила, Мики Анчевски во улогите на Армандо и Бени, Емран Куртишова во улогата на Флора и Бојан Кирковски во улогата на Том, а од оваа сезона во претставата „Цветната улица“ влегува актерот Ненад Митевски како Раскажувачот.

Претставата ја обработува темата Eкологија, која денес се изучува во училиштата и е длабоко навлезена во образованието. Поплавска во соработка со Европската Делгација, Еу инфо центарот во Македонија и Театарот за деца и Младинци се определија да ја таргетираaт нашата најмлада публика, вклучувајќи ги децата од градинка и од прво до четврто одделение, публика која допрва треба да учи и да биде свесна за тоа што значи здава животна околина и како да ја зачуваме.

Aвторот на драматизацијата на текстот кој е напишан во стихувана проза, Донев, исто така прв пат соработува на ваков проект со Театарот за деца и младинци. Kако автор тој постојано пишува книги за еколошки тематики, а темите што се опфатени во текстот се одбрани од три брошури од над 20-тина издадени од Европската Унија.

Станува збор за еко бајка за секое дете, татко и мајка, бидејќи нема граници меѓу децата и возрасните, претставата сите на учи како да се засади љубов во срцата кон нашата природа.
Претставата e истовремено и прва копродукција на Театарот за деца и младинци со независната театарска куќа АРТ МЕДИА, продуцирана со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во висина од 11.700 евра.