(Фото) Глобална комеморација во Париз: Стилот на првите дами и славните гости

Франција– Неколку пати се пресоблекуваа шефовите на држави и влади од сите пет континенти на светот, првите дами, славните гости и нивните сопруги, на централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна во Париз.

Имаа дневен аутфит за Триумфалната капија,  и Елисејскиот дворец и вечерен за свечената вечера во музејот „Орсеј“.

Јавноста го споредуваше стилот на „вечните“ модни ривалки: Меланија Трамп (48), првата дама на САД и Брижит Макрон (65), првата дама на Франција, кои покажаа на свој начин што е шик елеганција. Меланија, за една глава повисока од Брижит, носеше и фустани и пантолони во загасити нијанси со покласичен крој, додека Брижит беше поколоритна и помодерна, дури облече и кожена јакна.