(ФОТО вест) Дуа Липа и Рита Ора ѕвезди на Brit awards

Музичката звезда од косовско потекло, Дуа Липа, вечерва беше прогласена за најдобра британска соло пејачка на Brit Awards, еквивалент на музичките „оскари“ Греми.Липа блесна во раскошен розе фустан, а неа и се придружи со слична бела варијанта Рита Ора, која за оваа прилика си стави и сребрен заб со кој позираше пред фоторепортерите.Британските медиуми не беа сепак воодушевени и двете ги вброија меѓу најлошо облечените вечерта.