(ФОТО) Апокалиптични сцени на Дунав: Бродовите останаа на суво поради екстремно нискиот водостој

Поради екстремно нискиот водостој на втората по големина река во Европа, Дунав, речиси целосно е прекинат сообраќајот на товарни бродови низ унгарскиот дел на реката, објави радио „Кошут“.

Нивото на Дунав започнало да опаѓа уште во јули, а сега водостојот е толку низок што по Дунав можат да пловат само помалку чамци и бродови, со што е направена превозниците трпат огромни финансиски штети.

Утрово, според Државната служба за мерење на водите, висината на водостојот на Дунав изнесувала од 107 см кај Комаром, 154 кај Будимпешта, до 72 сантиметри кај Мохач.

Водостојот на втората по големина европска река е многу низок и кај Нови Сад, што може да се види и од фотографиите што ги објавиле граѓаните на социјалните мрежи.

Сепак, метеоролозите најавуваат дека во наредните денови нивото на Дунав ќе почне да расте.