(ФОТО) „Берлин бар“ ја отвори вратата за бездомни животинчиња во студените денови

Скопскиот „Берлин бар“ вчера на нивниот официјален Фејсбук профил ги повикаа сите граѓани кои ќе наидат на бездомни кучиња и мачиња во овие студени денови да ги однесат кај нив, бидејќи тие ги отвораат вратите 24 часа во денот.

„Дечки, Берлин ќе биде отворен цела ноќ, нема да се служат пијачки ( бидејќи законот не дозволува да работиме после дозволеното работно време) но ќе бидеме тука со уклучени грејни тела за тие што имаат потреба. Донесете животинче да го стоплиме и најадеме“, стои напишано на нивната Фејсбук страница.

Нивниот хуман потег наиде на позитивни реакции во јавноста, а веќе се сместени и првите гости.

„Нашиот прв гостин, му дадовме име Среќко (Lucky). Јадеше, се стопли и сега откако ќе се осигура дека е на сигурно се надеваме дека ќе си поспие“ – соопштија од „Берлин бар“.

Тие се наоѓаат на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ број 24 во Скопје, а може да ги контактирате и на следниов телефонски број: 070 337 622.