Фотографии од првите концерти на „Битлси“ во Америка продадени за 290.000 евра

Англија – Стотици, досега необјавени фотографии од првите концерти на „Битлси“ во САД,  продадени се за 253.000 фунти (околу 290.000 евра) на аукција во Англија. Автор на фотографиите е Мајк Мичел. кој тогаш имал 18 години, а ги сликал настапите на Битлси во вашингтонски „Колосеум“ и „Граѓанскиот центар“ во Балтимор во 1964 година. Фотографии има и од нивната прес-конференција и доаѓањето на бендот на железничката

станица „Јунион“ во Вашингтон. Вкупно 400 негативи се продадени вчера во аукциската куќа „Омега окшнс“ во Англија.

На истата аукција, продаден е и црн автомобил од марката мерцедес од 1984 година за сума од 50.000 евра, а кој го поседувал одреден период Џорџ Харисон, член на „Битлси“.