Фотографии од вселената на супертајфунот Трами

Астронаутот на Меѓународната вселенска станица Александар Герст на Твитер објави фотографии од формирање на супретајфун над западниот дел на Тихи Океан.

Тој тајфунот го опиша како „некој да извадил голема затка од нашата планета“.

Супертајфун Трами (Твитер)

– Гледаме во уште една голема бура. Тајфунот Трами од петта категорија е  незапирлив и се движи кон Јапонија и Тајван. Бидете сигурни Вие долу, напиша Герст на Твитер.

Според моменталните прогнози тајфунот ќе ги погоди северниот и централниот дел на Тајван, како и јапонскиот остров Рјукју.

Супертајфун Трами (Твитер)

Се предвидува бурата да ја загуби моќта пред ударот врз јужниот дел на Јапонија за четири дена, доколку продолжи по досегашната траекторија. Но, дури и да изгуби на сила, сепак ќе достигне до четврта категорија на бура, што предизвикува поплави.

Трами е петти супертајфун од почетокот на годината и следи по супертајфунот Мангкут, кој пред две недели ги погоди Филипини, при што загинаа десетици луѓе.