(ФОТО/ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл го изговорија судбоносното „да“

Во капелата на замокот Виндзор, принцот Хари и Меган Маркл го изговорија судбоносното „да“ во присуство на 600 гости.

Додека присутните во капелата ја пееја британската химна, единствено кралицата не го правеше тоа, бидејќи химната ѝ е посветена на неа.


Принцот Хари и Меган Маркл ги дадоа заклетвите. По песната „Stand by me“, изведена од црковниот хор, уследи давањето заклетви, потоа младенците си ги ставија бурмите еден на друг.

Меган Маркл носи велшки златен прстен, кој е подарок од англиската кралица Елизабета. Венчалниот прстен на принцот е од платина. Двата прстена беа изработени од лондонската златарница „Клив енд компани“.

Според сервисот за планирање свадби „Брајдбук“, свадбата чини околу 32 милиони фунти, плус 30 милиони фунти за обезбедување. Свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година чинела 6,35 милиони фунти, според бројките добиени од Здружението на медиуми. Во оваа сум се вклучени и 2,8 милиони фунти во прекувремена работа на полицијата и покривало околу 5.000 дополнителни полицајци на должност тој ден.

Претходни информации открија дека вкупните трошоци за безбедносната операција преземена од страна на Метрополитан полицијата биле речиси 7,2 милиони фунти. Меѓутоа, вистинската цена на целото обезбедување што било потребно за свадбата е проценета на некаде помеѓу 10 и 20 милиони фунти, што може да ги покрие и антитерористичките активности во периодот пред настанот.