(Фото+Видео): Мама миа, Мерил Стрип и Шер се бакнаа во уста

Англија– Мама миа, ѕвездите Мерил Стрип и Шер се бакнаа синоќа на гала- премиерата на новото продолжение на мјузиклот „Мама миа – одиме повторно“ во Лондон. “ Мама миа 2“ ќе ги прикаже настаните што им претходеа на оние од хит-филмот од 2008 година, снимен на грчкиот остров Скијатос.

Мерил Стрип повторно ќе ги пее познатите хитови на шведската група „АББА“. Уште кога продолжението се снимаше на хрватскиот остров Вис, во Јадранско Море, многумина се прашуваа што смислиле продуцентите за продолжението на гледаниот мјузикл. Кога се појави трејлерот, без Мерил Стрип, но со глумицата Шер во улогата на нејзината мајка, остана да лебди прашањето дали славната глумица ќе глуми во филмот. Мистеријата беше решена неодамна, кога се појавија трајлерот од новото продолжение.

Една деценија по премиерата на „Мама миа“, филм снимен за 50 милиони долари, кој заработи 12 пати повеќе – 600 милиони долари по прикажувањето низ целиот свет, гледачите ќе се вратат на имагинарниот грчки остров Калокери (на грчки тоа значи лето), со музика заснована на хитовите на групата „АББА“. Улогата на Дона овој пат ја толкува Мерил Стрип, добитничката на три „оскари“ за епизодната улога во „Крамер против Крамер“ и за главните улоги во филмовите „Изборот на Софија“ и „Челичната леди“. Нејзините најдобри пријателки Рози и Тања ги играат Џули Волтерс и Кристина Барански.


Аманда Сајфред и Доминик Купер и во продолжението ги толкуваат ликовите на ќерката Софи и зетот Скај, додека Пирс Броснан, Стелан Скарсгард и Колин Фирт, награден со „оскар“ за главна улога во „Говорот на кралот“, се враќаат на улогите на потенцијалните татковци на Софи: Сем, Бил и Хари. Актерската екипа ја дополнува Лили Џејмс („Пепелашка“, „Возач“), во улогата на младата Дона. Освен скриеното, но сепак прерано откриено изненадување – Шер, во филмот се појавува и Енди Гарсија.

&

„Мама миа: одиме повторно“ е снимен според сценариото и во режија на Ал Паркер, а продуценти се Гери Гоцман и Џуди Крајмер. Инаку, машката половина на групата „АББА“, Бени Андерсон и Бјорн Улваес повторно беа задолжени за изборот на музиката и на песните, а ја прифатија и работата на извршни продуценти.

Првиот филм, работен по урнекот на успешниот бродвејски мјузикл, ни овозможи да се сетиме на сите дископоп-хитови, со доза на носталгија и задоволство, потпевнувајќи ги кога ќе ги слушнеме во етерот. Во првото продолжение музичарите и продуцентите внимателно ги избрале речиси сите најголеми хитови на шведската музичка сензација, па сега се поставува прашањето кои композиции преостанале да се употребат во продолжението. Иако „АББА“ беше многу плоден состав, остана навистина мал избор на песни што би можеле да се искористат во вториот филм, а меѓу нив се: „Rock Me“, „Sitting in the Palmtree“, „Fernando“ и „Bang-A-Boomerang“. Токму од таа причина, потврдено е дека повторно ќе слушнеме и песни од првиот филм, но во малку поинаков манир и со изменети аранжмани.

Скопската премиера на „Мама миа 2 “ е во четврток, од 20,30 часот кога во „Синеплекс“ ќе биде организирана Женска вечер.