(ФОТО/ВИДЕО) Катаклизма во Индонезија: Најмалку 168 загинати при налет на цунами

Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

Како што соопшти утрово портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Пурво Нигрохо, најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 лица.

Тој нагласи дека се стравува оти билансот на жртвите може да биде и поголем, бидејќи властите се уште немаат податоци од сите погодени реони.

Нигрохо информираа дека при налетот на цунамито се разрушени стотици домови и други објекти.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде на сила до 25 декември.

– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.

Цунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.