(ФОТО/ВИДЕО) Бекамови на одмор во Свети Стефан во Црна Гора

Познатиот пар Викторија и Дејвид Бекам пристигнаа на одмор во Црна Гора. Тие во попладневните часови во петокот слетаа на аеродромот во Подгорица, од каде што веднаш отидоа во Свети Стефан, каде што ќе останат во наредниот период.

Познатиот фудбалер беше фотографиран додека беше надвор од авионот, а Црногорците му посакаа на семејството Бекамови убав престој на брегот.
Како што дознавме, Бекам имал 28 барања пред нивното пристигнување, што нивните домаќини морале да ги исполнат, а во Свети Стефан, кој е познат како едно од омилените одморалишта на џет-сетот, Бекамови ќе се сместат во луксузен ресорт.

Странски медиуми направија анализа на говорот на телото и однесувањето на славниот пар, па според тоа се шпекулираше дека Дејвид и Викторија се разведуваат.