Форин офис: Не тврдевме дека „новичок“ потекнува од Русија

Британското Министерството за надворешни работи денеска негира дека нервниот агенс „новичок“, со кој беше отруен поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, потекнува од Русија.

– Нашите експерти прецизно го идентификуваа нервниот агенс „новичок“. Не е наша одговорност и никогаш не ни била да го потврдиме потеклото на агенсот, објави Форин офисот на Твитер.

Во следниот твит се наведува дека проценката на британската Влада од самиот почеток била јасна, како и дека хемиската анализа е клучен дел од проценката на Влдата.

Во меѓувреме, портпаролката на руското Минисетерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Лондон одбил да соработува со Москва за „случајот Скрипал“.

– Велика Британија одбива каков било контакт со Руската Федерација на кое било ниво, официјално или јавно. Дури и прават се за јавноста да види дека руската страна одбива соработка, наведе Захарова.

Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје денеска го одби рускиот предлог за заедничка британско-руска истрага за труењето на Скрипал.

Британската Влада ја обвинува Москва дека стои за нападот на Скрипал и неговата ќерка, кои беа отруени на 4 март во Солсбери.