Форбс: Џорџ Клуни е најплатен актер во 2018

САД– Оскаровецот Џорџ Клуни (57) од вчера е и официјално најплатениот актер во светот, иако нема снимено филм од 2016 година.

Тој го освои првото место на годишната Форбсова листа на актери со најголема заработувачка, најмногу благодарение на продажбата на неговата компанија која прави текила.

Според „Форбс”, Клуни од јуни 2017 година до јуни 2018 година заработи рекордни 239 милиони долари во својата 35-годишна кариера. Иако не глумеше во филм уште од трилерот „Игра на пари”, во јуни 2017 година тој ја продаде својата компанија за текила „Казамигос“ што ја поседуваше со пријателот Ренди Гербер, сопругот на топ-моделот Синди Крафорд,   на британската компанија „Дијаџио” за 700 милиони долари однапред, со потенцијални 300 милиони долари во текот на следната деценија.

„Ако пред четири години нè прашавте дали ќе имаме компанија во вредност од една милијарда долари, немаше потврдно да ви одговориме“, рече Клуни.

Второто место на листата му припадна на Двејн Џонсон кој заработи 124 милиони долари, а на трето место е Роберт Дауни Џуниор со 81 милиони долари.