Форбс: Најбогата славна личност е режисерот Џорџ Лукас

САД– „Форбс“ го рангираше режисерот Џорџ Лукас (74) за најбогата славна личност со заработени 5 милијарди долари, најмногу од продажбата на компанијата „Лукас филм продакшн“ на Дизни, во 2012 година.

На второ место е исто така славен режисер, Стивен Спилберг (72) со 4 милијарди заработка, а на трето место е водителката и автор Опра Винфри (64) со заработени 3 милијарди долари.

Листата на „Форбс“ продолжува со кошаркарската легенда Мајкл Џордан со заработени 2 милијарди долари. Петото место го делат старлетата и деловна жена Кајли Џенер  (21) и раперот Џеј-Зи со по 900 милиони долари. Листата ја заокружуваат изузионистот Дејвид Коперфид, раперот Пи Диди, голферот Тајгер Вудс и авторот Џејмс Патерсон.