Фирми на роднини на Груевски увезувале фалсификувани лекови

Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во интервју за неделникот „Фокус“ открива дека фирми на роднини на поранешниот премиер Никола Груевски увезувале фалсификувани лекови од Турција.

Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во оваа земја што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинални лекови, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз и, што е уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година.

Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“ делумно открива и кој најмногу ќарил од воведувањето на паралелниот увоз:

„Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски“, тврди Дончев.