Финалето од Купот меѓу Шкендија и Пелистер на 23 мај во Струмица

Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер ќе се одигра на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 20 часот.

Иако, битолчани се бранители на титулата, тетовскиот тим ќе влезе како фаворит во финалната пресметка.

Шкендија, откако ја потврди шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, ќе се обиде за прв пат во историјата на клубот да ја освои двојната круна.