Филипинка е мис универзум за 2018

Тајланд- Титулата на еден од најпрестижните светски избори за убавина, Miss Universe 2018, ја доби Филипинката Катриона Елиза Греј (24), пејачка и манекенка. Второто и третото место го освоија убавиците од Венецуела и Јужноафриканската Република.

Изборот се одржа во Имапкт арената во Бангкок, Тајланд, а за круната се натпреваруваа 93 девојки од исто толку земји.

Круната на Греј и беше предадена од ланската мис, Деми Петерс од Јужна Африка.

Греј е четврта убавица од Филипини која ја освојува оваа титула, по победите во 2015, 1973 и 1969 година.

Татко ѝ е од Австралија, а Греј има студирано музика на Беркли, во Бостон.