Фејсбук и Инстаграм му ги блокираа профилите на Кадиров, не бил доволно демократ

Американските социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм, ги затворија профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.Чеченскиот претседател пред да му бидат изгаснати профилите имаше повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм, а околу 760.000 на Фејсбук.

Тој е познат како страстен корисник на Инстаграм, добро познат по тоа што често споделува фотографии и вести за Чеченија и за своето семејство.

Во средата американското министерство за финансии го стави Кадиров на листата на санкционирани лица под „Законот Магнитски“. Американските претставници го обвинија Кадиров дека ја надгледувал администрацијата поврзана со исчезнувања и неоправдани убиства. На листата на Магнитски има 49 државјани на Русија. Претседател на руската Дума, Вјачеслав Володин, рече дека со бришење на профилите, социјалните мрежи им го укинуваат правото на граѓаните да го слушнат мислењето на блогерите и комуникацијата со нив.

– Се плашат од јавни расправи и вистината. Таквите одлуки не може поинаку да се објаснат. Работата е во тоа што, за да читате објави на некој блогер, мора прво да го следите. Бришењето на профилите, го укинуваат правото на граѓаните да го знаат размислувањето на блогерите и да се комуницира со нив – вели Володин.