Ферер: ќе се пензионирам следната година

Шпанија- Шпанскиот тенисер Давид Ферер планира да се пензионира следната година.

Физичката состојба е главната причина поради која 36-годишниот Ферер ќе стави крај на професионалната кариера.

– Веќе имам потешкотии да го задржам високото ниво. Не можам да играм повеќе од два меча беа да почувствувам последици. Забележувате дека не можам да реагирам на топките како порано. Станува се потешко. Физичката состојба не ми е како порано, изјави Ферер.

Тој сака кариерата да ја заврши следната година еден од шпанските турнири – во Барселона или во Мадрид.