Федерер против Чилиќ во финалето на Австралија опен

Швајцарецот Рожер Федерер ќе му се придружи на Хрватот Марин Чилиќ во неделното финале на Австралија опен. Утрово, најдобриот на сите времиња, популарниот „Федекс“ не се ни испоти во полуфиналниот меч со Хуен Чанг од Јужна Кореја, кој му го предаде мечот поради повреда при резултат 6-1 и 5-2. Финалето ќе биде реприза на минатогодишниот Вимблдон каде Федерер без проблеми се справи со Чилиќ.