Федерер недопирлив до јуни на АТП листата
Рожер Федерер со сегашните 10.060 поени може да се задржи на првото место на АТП листата подолго од очекуваното, а на тоа големо влијание ќе има и Рафаел Надал.
На швајцарскиот тенисер на врвот најмногу му се заканува Надал, кој поради повреда не играше на турнирот во Акапулко, а ги откажа и Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.
Ова на Федерер ќе му овозможи полесна борба за одбрана на првото место.
Разликата меѓу нив е 600 поени, но Надал загуби 300 поради пропуштање на Акапулко, а по Индијан Велс и Мајами ќе загуби уште 690.
Доколку Федерер биде елиминиран во четвртфиналето или порано на Индијан Велс, Надал ќе стане број еден на 19 март. Но, ако швајцарскиот тенисер ги одбрани титулите во Индијан Велс и Мајами, ќе остане „забетониран“ на првата позиција.
Федерер исто така може да остане прв и по Мајами, ако освои една од двете титули, или, пак, на еден од турнирите стигне до финале, а на другиот до четвртфинале, или ако стигне до полуфинале на двете натпреварувања.
Дури и ако Федерер се откаже од Мајами, а победи на Индијан Велс, ќе биде прв со разлика од само 35 поени до јуни.