Федерер: Има премногу прес-конференции

САД-Швајцарскиот тенисер Роже Федерер нагласи дека нема проблем со медиумите, но смета дека во последно време има премногу прес-конференции.

– Понекогаш навистина е тешко да се одговори на сите прашања на конференциите за медиуми. Се обидувам да бидам отворен и искрен во тие моменти, бидејќи што и да кажете потоа може да се анализира. Претпоставувам дека на некои играчи им е тешко да дојдат овде и да зборуваат за интимни работи. Искрено, понекогаш и јас не сум инспириран, но се обидувам да најдам сила и мотивација да дојдам во оваа соба. Во секој случај сметам дека во последно време има премногу прес-конференции, истакна Федерер.

Швајцарскиот тенисер во првото коло на Ју-Ес опен ќе се соочи со Јошито Нишиока од Јапонија.