Фатени 34 „диви тркачи“ во Скопје

Во периодот од 17.30 часот во неделата до 1 часот, по полноќ од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи“.

 

Од страна на полициски службеници преземени се мерки против 34 возачи. 19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост и 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица.

 

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

 

Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.