Фатени две лица за разбојништвата во Центар и Карпош

Секторот за внатрешни работи од Скопје поднесе кривична пријава против З.К. (18) и Б.И. (16) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле пет кривични дела „разбојништво“.

Како што соопшти МВР, З.К. и Б.И. од 18-ти до 28 – ми овој месец во вечерните часови, пријавените ги извршиле делата на подрачје на Карпош и Центар и се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

Две разбојништва извршиле на автобуска постојка пред ТЦ Алуминка и по едно на ул. „Дрезденска“, на паркинг просторот позади зграда на ул. „Даскал Камче“ и на ул. „Димитрије Чуповски“.

Пријавените на 27-ми овој месец во 18 часот во непосредна близина на Сити Мол биле легитимирани и лишени од слобода