Фавре е нов тренер на Борусија Дортмунд

Лусиен Фавре и официјално е потврден како нов тренер на Борусија Дортмунд. Неговиот договор со клубот е за две сезони, а тој доаѓа од Ница.
Швајцарецот ја презема функцијата на „Сигнал Идуна парк“ по разделбата со Питер Штогер, кој претходно го замени Питер Бош.
Германското првенство му е добро познато на Фавре, кој претходно ги водеше Херта Берлин и Борусија Менхенгладбах.
Дортмунд ќе игра во Лигата на шампионите следната сеозна по завршувањето на четвртото место во Бундес лигата.