Уште едно самоубиство: почина момче од Скопско

Дваесет и шестгодишниот И.Б. од скопското село Таор се самоуби во семејната куќа, соопшти полицијата. Според информации од истрагата, вчераутро околу 7.30 часот, тој ја зел ловечката пушка и си го одзел животот. По извршениот увид, телото е предадено за обдукција.