Уште еден скандал на снимателката што сопна мигрант

Парламентот на Унгарија го забрани пристапот на снимателката позната по шутирањето на мигранти на границата со Србија, бидејќи навредила пратеник за време на интервју.

Претседателот на парламентот, Золтан Силаџи, денеска изјави дека забраната за пристап за Петра Ласло ќе важи до крајот на есенската сесија, која завршува во средината на декември.

Таа работи за провладин веб-сајт, а во интервјуто таа се скарала со Ѓерѓ Силадџи од екстремната партија Јобик.Силаџи рече дека не сака да разговара со новинарите на сајтот pestisracok.hu бидејќи ги смета за владини “пропагандисти”.

Ласло беше осудена во јануари на условна казна од три години за несоодветно однесување, откако беше снимена како шутира и се обидува да запре мигранти на границата со Србија.