Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Град Скопје известува дека третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, а четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 3 септември.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција“, соопшти Градот.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.