Утврден предлог – законот за високото образование

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за високото образование, кој ќе биде пуштен во собраниска процедура по усогласување на одредени членови.

„Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, како и признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.