УНХЦР: Да се преместат бегалците од грчките острови на копно

Претставникот на УНХЦР во Грција побара забрзување на префрлувањето на некои бегалци од грчките острови кон копното, истакнувајќи дека сегашното трупање на бегалци на островите не дава можност за идентификување на евентуални борци на Исламска држава (ИД).

Речиси сите бегалци, кои пристигнале во Грција на островите по потпишувањето на договорт меѓу Турција и ЕУ во март 2016 година, побарале азил во земјата за да избегнат враќање во Турција.

Со исклучок на најранливите, грчката Влада не префрла бегалци на копно, се додека не бидат одобрени барањата за азил.

На островите во Грција моментално има 14 илјади бегалци што е трипати повеќе од можностите за сместување мигранти на Самос, на Хиос и на Лезбос.