Уникатната изложба „Во земјата на змејовите” дојде во Скопје

По турнејата од неколку европски градови, од 21 март до 21 април, уникатната изложба „Во земјата на змејовите” стигнува и во Скопје.

Сите посетители на „Скопје Сити Мол“ ќе можат да ја видат и да ја доживеат оваа несекојдневна изложба, која што е исклучително ретка прилика.

„Во земјата на змејовите” е оригинална изложба, единствената од овој вид во однос на поставка и на изработка. Изложбата ги претставува змејовите на сопствен креативен начин и ќе им овозможи на посетителите да се соочат лице во лице со овие неверојатни и мистични ѕверови.

Змејовите им се добро познати на сите од најмала до најстара возраст. Тие се појавуваат низ митологијата, а нивните застрашувачки слики можат да се најдат во многуте приказни кои раскажуваат за овие фантастични суштества.

Изложбата се состои од огромни скулптури на змејови, џиновски јајца на змејови, витешки оклопи и други разоткривања на мистеријата. Во рамките на програмата ќе се организираат и едукативни тури за најмалите секој петок од 18 до 20 часот, сабота и недела од 13 до 15  часот и од 18 до 20 часот каде ќе дознаат многу нешта за овие чудесни суштества како и работилници за деца кои ќе се одржуваат секоја сабота и недела од 12 часот.