Ултиматум од Родригез до управата на Баерн: Или Ковач или јас

Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез постави ултиматум за Баерн Минхен во кој се бара да одлучи меѓу него и тренерот Нико Ковач.

Германски „Билд“ пишува дека Родригез е незадоволен од третманот и минутажата што ја добива од хрватскиот експерт, а имало и вербална расправија и затоа размислувал за заминување од Минхен.

Родригез ја одработува втората сезона во Баерн како позајмен играч од Реал. Според договорот, германскиот гигант може да го купи за 35 милиони евра, но тешко е дека ќе се оствари трансферот.

Постои можност Родригез да го напушти Баерн во зима и да замине во Јувентус или во некој премиерлигаш од Англија.

Колумбиецот во текот на кариерата настапуваше и за Порто, Монако, Банфилд и Енвигадо.