Украдено црковното ѕвоно од храмот „Св.Злата Мегленска“

Непознат сторител во периодот од 13 часот на 25 ноември до 8 часот на 26 ноември извршил тешка кражба во храмот „Света Злата Мегленска“ на влезот во скопското село Сарај.

МВР информира дека сторителот го украл црковното sвоно (камбаната) со тежина од 160 килограми. Кражбата вчера во полиција ја пријавил Г.Ј. (48) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.