УЕФА ќе го казни Бешикташ поради мачка

УЕФА ќе го казни турскиот клуб Бешикташ поради лошата организација на натпреварот со Баерн Минхен од Лигата на шампионите.

Првенствено казната се однесува на фрлање на предмети за време на натпреварот од страна на публиката на стадионот во Истанбул. Меѓутоа со казната ќе биде опфатено и појавувањето на терен на еден ненајавен гостин, имено станува збор за мачка.

Судијата, поради мачката, беше принуден да го прекине натпреварот, додека „опасната“ ѕверка не биде отстранета од теренот.

Иако често турските клубови плаќаат казни за однесувањето на нивните навивачи, ова е веројатно прв ваков случај.

Фудбалерите на Бешикташ беа елиминирани од Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 8:1.