Удар кој се појавува еднаш на милион (Видео)

На снукер мечот меѓу Лијанг и Жао се виде една мошне комична ситуација.

На отворениот шампионат на Кина во снукер играа 32. играч на светот Лијанг Венбо и 66. играч Жао Џинтонг.

Жао на почетокот на петтиот фрејм поведе со 3:0, а една од црвените топки која ја уфрли во дупката, влезе под навистина интересни околности, какви што не се гледаат секој ден.

Имено, Жао сакаше црвената топка да ја уфрли во долната лева дупка, но ударот беше многу силен, па се одби од тој дел од масата и влезе во десната долна дупка, но при тоа, поминувајќи по работ на масата.