Убиена позната турска пејачка во Бодрум

Познатата турска пејачка Хаџер Тулу (40) е убиена во ноќен клуб во Бодрум, откако четворица напаѓачи отвориле оган кон локалот.

Како што јавуваат тамошните медиуми, Тулу е со балкански корени, поточно нејзините родители мигрирале во Турција од Босна и Херцеговина.

Тулу е една од најпознатите турски пејачки, која на Јутјуб каналот има преку четири милиони прегледи на своите песни и видеа.

Турските медиуми пишуваат дека непосредно пред пукањето во ноќниот клуб „Медуза“ застанало сомнително возило и веројатно тогаш напаѓачите почнале да пукаат.

Сè уште не се познати мотивите за нападот, но полицијата вели дека подоцна ќе излезе со детални информации.