Уапсен напаѓачот на Фулам, Абубакар Камара

Напаѓаќот на Фулам, Абубакар Камара е уапсен поради обвинение за нанесување на телесна повреда на вработен во клубот.

Локалната полиција соопшти дека во понеделникот наутро бил уапсен 20-годишен маж за тепачка на тренинг базата на лондонскиот тим.

Камара пристигна на „Крејвен Котиџ“ од Амиен во текот на летото на 2017-та и беше дел од тимот, кој помогна на „котиџерс“ да се врати во Премиер лигата минатата сезона.

Тој се прослави со скандалозното однесување при успехот над Хадерсфилд (1:0) порано во сезоната, кога ја зеде топката од рацете на стандардниот изведувач на пенали во тимот – Александар Митровиќ, и посака самиот тој да го изведе. Најнепријатното за играчот беше дека промаши, што му навлече огромен број критики како од навивачите, така и од самиот тренер, Клаудио Раниери.