Уапсени 11 лица за трговија со жени во Романија и во Шпанија


Во Шпанија и во Романија се уапсени 11 лица поради сомнение дека организирале трговија со жени за сексуална експлоатација во Мадрид, додека девет Романки, жртви на таа група се идентификувани и згрижени, соопшти денеска Интерлоп.

Истрагата за случајот е започната во септември откако шпанската полиција добила пријава од една Романка, која посочила дека пред неколку месеци нејзиниот дечко ја регрутирала.

Меѓутоа, кога пристигнала во Мадрид била принудена на проституција, а истрагата, како што наведе Интерлоп, покажала дека позади тоа стои организираната група,

При извршувањето на претрес во домовите на криминалците во Романија и Шпанија, запленети се голем број документи, пари и скапи возила.