Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ

Белгија– Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, се надева дека француско-германската спогодба потпишана вчера нема да ја засени европската интеграција.

Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера потпишаа билатерална спогодба за соработка помеѓу нивните две земји, кои се сметаат за моторот на европската интеграција.

Туск го поздрави овој договор но побара од двете земји да испратат “јасен сигнал“ дека Спогодбата од Ахен, како што се нарекува, нема да биде алтернатива на заедничката европска соработка.

Претседателот на Советот, кој беше присутен на церемонијата во Ахен, изјави дека француско-германската соработка треба да „работи за интеграцијата, а не на место на интеграцијата“.

Спогодбата од Ахен има за цел да ги приближи двете земји столбови на Унијата, и да поттикне, меѓу другото, економско приближување и да ја олесни билатерланата соработка во низа области, од транспорт до здравство.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер од своја страна призна дека француско-германското пријателство некогаш ги „иритира“ другите земји, но дека таа „иритација се претвора во болка кога двете земји не се согласуваат“.