Туск: Застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас

„Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа“, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик.

Туск рече дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.

„Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане“, рече Туск.

Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.

„Застанавте до нас во случајот Солсбери и ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани“, рече првиот човек на Европскиот совет.

Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.

„Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни“, рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК.

Фото: Б. Грданоски