Турција претстави хибридна локомотива од сопствено производство

Турција – На Меѓународниот саем за транспортна технологија (ИноТранс) во Берлин, Турција претстави хибридна локомотива од сопствено производство.

Локомотивата е заеднички проект на турската компанија за производство на локомотиви и мотори „Туломсаш“, турската државна железница ТЦДД и водечката фирма во секторот на одбранбената индустрија во Турција, „Аселсан“.

Како што јави агенцијата Анадолија, со овој проект, Турија стана четврта земја во светот што разви технологија за сопствено производство на хибридни локомотиви.

Прв корисник на новите локомотива треба да биде турската железница.

Новата турска локомотива е со ергодинамичен дизајн и благодарение на хибридната технологија ќе има за 40 проценти помала потрошувачка на гориво.