Турција бара олеснување на визниот режим на нивните граѓани

Претседателот на турскиот парламент, Исмаил Кахраман, денеска предложи да се олесни визниот режим за граѓаните на Русија и Турција.

-Би сакале да побараме олеснување на визниот режим за граѓаните на нашите земји, рече Кахраман за време на состанокот со претседателот на руската Дума Вјачеслав Волидин во Пакистан.

Кахраман истакна дека минатата година значително се зголемил бројот на туристите од Русија. Според него, бројот на руски туристи во Турција надминал 4 милиони.

Тој додаде дека Турција би сакала да отвори турски културен центар во Москва.