Турското обвинителство бара доживотен затвор за 330 „ѓуленисти“

Турското Јавно обвинителство побара од Судот изрекување казни доживотен затвор на 330 оосмничени членови на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во Турција од јули 2016 година.

Дел од обвиненијата се однесуваат за истрагата поврзана со преземањето контрола врз патарина на автопатот Тузла-Орханли за време на обидот за преврата, во чии рамки 63 лица се обвинети за „уривање на уставниот поредок“, од кои двајца и за „смислени убиства“.

Уште 267 други осомничени „ѓуленисти“, меѓу кои и еден од лидерите на пучот, пензионираниот генерал Мурат Ајлон, се обвинети за преземање на контрола врз касарната во градот Полатли, на 80 километри од Анкара.