Трудниците и болните да не одат на работа

Бремените жени и лица со одредени заболувања да бидат ослободени од работни обврски, препорача вчера Министерството за здравство.

репораката е поради големото загадување на воздухот во Скопје.

Од работа треба да бидат ослободени и лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма и лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Исто така, треба да се обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.