Тројца пациенти со морбили хоспитализирани на Инфективна клиника

Од прогласувањето на епидемијата, досега, се вакцинирани 2.925 деца. Денеска до 13 часот вакцинирани се 181 дете, соопшти Министерството за здравство.

За време на викендот, вакциналните пунктови ќе работат од 7.30 до 13 часот. Од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7.30 до 19 часот.

Тројца пациенти меѓу кои двајца возрасни од населбите Карпош и Чаир и едно дете од Чаир се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со јасна клиничка слика на морбили. Уште две други лица со морбили со полесна клиничка слика биле прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување, информираат од Министерството.